Најдоброплатениот боксер на светот, Саул „Канело“ Алварез се намачи против Даниел Џејкобс во Лас Вегас за на крајот да го победи на поени и да додаде нов трофеј на својата колекција.
Канело, кој потпиша 5-годишен договор за 11 меча со „ДАЗН“ во октомври вреден 365 милиони долари, успешна ја одбрани ВБА супер-појасот и ВБЦ појасот, и во исто време го грабна ИБФ појасот на Џејкобс во меч на 5 мај, националниот празник на Мексико.
Canelo living that Matrix life #CaneloJacobs pic.twitter.com/SZoc3AE66U
— Bleacher Preacher / Sports (@BleachrPreachr) May 5, 2019
Мексиканецот беше апсолутен фаворит пред мечот, но Џејкобс го потврди својот прекар на „Чудесен човек“, откако го надмина ракот на коски во 2011 година, имаше одличен старт и го предизвикуваше Канело во секоја рунда.
Сепак, Канело како што се движеа рундите ја преземаше контролата и на крај доби едногласна победа кај судиите. Сега, следно за него треба да е дуел со ВБО шампионот Деметриус Андраде, но можно е да има и трета пресметка со Казахстанеот Генадиј Головкин.