Поранешниот плејмејкер на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт може да замине од двегодишниот договор со данскиот тим Мидтјиланд и да заигра во Индонезија.
34-годишниот Ван дер Варт нема одиграно ниту еден натпревар во данската лига оваа сезона, и сега според индонезискиот портал „Боласпорт“, тимот на Бали се обидува да го донесе во своите редови. Бали заврши како втор во индонезиската лига во 2017, и сега бара засилен тим за Азиската ЛШ.
Микаел Есиен е веќе во Индонезија, каде што настапува за Персиб Бандунг, додека Карлтон Кол беше негов клупски колега, а тимот на Семен Паданг во својот состав го има Дидие Зокора. Мохамед Сисоко помина една година со Митра Кука, а Питер Одемвинги играше со Мадура јунајтед.
Ван дер Варт има дури 109 настапи за холандската репрезентација.