Барселона ќе му оддадат почит на Лионел Меси со 10 статуи на „Ноу Камп“ кога Аргентинецот ќе реши да се повлече од фудбалот, вели на шега претседателот на клубот, Жозе Марија Бартомеу.
Петкратниот освојувач на „златната топка“ го постигна својот 600. гол за Каталонците во 3:0 победата над Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите, а 31-годишниот Аргентинец има договор до крајот на 2021 година, период во кој може да додаде на неговите 33 титули со клубот.
Барса ќе го реновира стадионот, ќе постави покрив и ќе го зголеми капацитетот на 105.000 седишта, проект кој треба да заврши во 2023 година. Запрашан дали ќе има статуа на Меси покрај таа на Ладислао Кубала, Бартомеу беше јасен.
„Ќе има 10 статуи на Меси. Јас не би му ја дал ’златната топка’, бидејќи тој е над тоа, во сопствена категорија. Се работи за одлични фудбалери кои се наградувани, но Меси е во друга димензија“, вели Бартомеу.