Top Sport

Лидс-Дерби и ВБА-Астон вила во „пресметката“ за последниот билет за Премиер лигата

Четири клубови со голема фудбалска историја, Лидс јунајтед, Вест Бромвич албион, Астон вила и Дерби каунти ќе се борат за преостанатото место кое води во Премиер лигата по завршувањето на сезоната во англиската втора лига (Чемпионшип).

Норич и Шефилд јунајтед веќе обезбедија директен пласман во елитата, додека само Дерби каунти немаше сигурно место во плеј-офот. Сепак, тимот под водство на легендата на Челси, Френк Лампард стигна до 3:1 победа над ВБА во дербито на колото, со што остана на два поени пред Мидлзборо кои со 2:1 ги победија Ротерам, кои испаѓаат во третата лига заедно со Болтон и Ипсвич.

Полуфиналните мечеви на „Вембли“ се играат на 11 и на 14 мај – клубот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, Лидс игра со Дерби каунти, клуб кој го шпиунираа и добија казна за тоа, додека ВБА и Астон вила играат во дербито на Бирмингем.

 

Scroll to Top