Надежите на Галатасарај да стигне до титулата во турската Суперлига можат да станат реалност, откако во дербито на Истанбул со 2:0 го совладаа Бешикташ и се искачија на првото место на табелата.
Откако Башакшехир во петокот одигра само 0:0 со Сиваспор, на Галата им се отвори шанса да се израмнат со бројот на поени, и по победата двете екипи имаат по 63 поени, но Галатасарај има убедливо подобра гол-разлика на три кола пред крајот на сезоната.
Хенри Оњекуру во 44. минута донесе водство за „лавовите“, кое Фернандо во 55. минута го зголеми на 2:0. Бешикташ со поразот останува трет со 59 поени, четири помалку од Галатасарај и Башакшехир.