Црвена звезда стигна до својот 29. трофеј во историјата откако беа подобри од Младост во 35. коло за да направат недостижна предност од осум поени пред Раднички Ниш, кои пак одиграа само 0:0 со Војводина.
Звезда се намачи да стигне до титулата, откако Милан Павков погоди во 82. минута од натпреварот.
Тимот на тренерот Владан Милојевиќ имаа сезона за паметење, во која претрпеа само еден пораз, од Чукарички, а тука беше и забележителниот настап во Лигата на шампионите. Звезда сега има 29 титули, две повеќе од вечниот белградски ривал Партизан.