Денвер Нагетс и Торонто Репторс забележаа гостински победи во конференциските-полуфиналиња во НБА лигата со што израмнија на 2-2 во победи против своите опоненти.
Нагетс во Портланд ги победија Трејлблејзерс 116:112. Серијата сега се враќа во Денвер. Никола Јокиќ и Џамал Мареј ги предводеа Нагетс до втората победа во серијата.
Мареј постигна 34 поени, 5 скока, 4 асистенции, а Јокиќ забележа нов трип-дабл (21 поен, 12 скока, 11 асистенции).
Кај Портланд се истакнаа Си-Џеј Мекалум со 29 поени и Демијан Лилард со поен помалку, а одлично реагираа Ал-Фарук Амину со 19 поени и 8 скока, односно Сет Кари кој 16 поени постигна во втората четвртина.
Торонто Репторс во Филалдлефија победија 101:96. Спектакуларен натпревар за Репторс одигра Каваи Ленард. Популарниот „Канџа“ постигна пет тројки од седум обиди, а мечот го заврши со 39 поени, 14 скока, 5 асистенции.
Добро издание кај Репторс имаа уште и Марк Гасол (16 оени), Кајл Лаури (14 поени, 6 скока, 7 асистенции) и Серж Ибака (12 поени, 9 скока).
На спротивната страна Џими Батлер беше најефикасен со 29 поени, 11 скока, 4 асистенции, а Џеј Џеј Редик постигна 19 поени. Џоел Ембид одигра повреден и запиша 11 поени, 8 скока, 7 асистенции. Разочара Тобајас Херис кој погоди само седум од 23 обиди од поле, тој промаши 11 шутеви за три поени.