Top Sport

Ѓоковиќ низ солзи раскажува за средбата со сириските бегалци (Видео)

Новак Ѓоковиќ гостувајќи во еден американски подкест, низ солзи, раскажувал за емотивната средба со бегалците кои од Срија поминувале низ Белград.

„Стотина илјади бегалци минаа низ Србија на патот кон Германија и Австрија. Ги изгубле семејствата, домовите и бараа нов покрив над главата. Бев да посетам една од тие локации во Белград, во прашање беше еден хотел. Претпоставував што ме чека, но само што влегов ме преплавија емоции. Болка, несигурност, тага“, рекол Ѓоковиќ.

„Отидов во делот каде што беа децата и почнаввме да си играме. Дојде мајката на девојчето со кое играв и рече ’време е да одиме’. Си помислив ’каде ќе тргнат’. Се извинувам, но тоа и денес го чувствувам. не знам каде заминаа. Беше тешко да се глада мајката како заминува со неа и со уште едно детенце од шест-седум години. Немаа ништо, заминаа пешки, некаде. Мислам дека во животот толку не сум плачел“.

Српскиот тенсисер се присетил и на војните на просторите на поранешна Југославија. Најлошо му било додека ги работел тренинзите во време кога НАТО ја бомбардираше Србија.

„Тоа се работите кои ви го кршат срцето, тоа го прави војната. Ми беше тешко, но во истовреме бев благодарен бидејќи поминав низ сето тоа. Тоа што го поминав направи да бидам почуствителен и повеќе приврзан кон луѓето. Знам дека можам да изгубам се што имам доколку не уживам во тоа. Тоа ми овозможи цврсто да стојам на земјата“, дополнил Ѓоковиќ.

Scroll to Top