По двете загубени серии за влез во АБА-лигата, МЗТ Скопје Аеродром ги натера вечните ривали Работнички да ја „платат сметката“ со убедлива 85:63 (26:17, 22:19, 19:16, 18:11) победа во дуел од Суперлигата за да се зацврстат на првото место.
„Металците“ ја имаа контролата на мечот од почетокот, откако направија предност од 9 поени (26:17), која не ја испуштија до крајот на мечот, нанесувајќи им трет пораз во низа на актуелните шампиони.
Хрватот Иве Иванов повторно беше најдобар кај МЗТ со 26 поени и 10 скока, додека и Предраг Самарџиски имаше одличен меч со 18 поени и 16 скокови, а Медфорд додаде 16 поени. Кај тимот на Марин Докузовски, Чавдар Костов постигна 18 поени, додека Караџовски додаде 15.
Фото: МЗТ Скопје