Top Sport

Бакс под команда на Адетокумбо ги победија Селтикс (Видео)

Кошаркарите на Милвоки Бакс се на чекор од пласманот во конференциското финале. Бакс водат во серијата со Бостон Селтикс со 3:1, откако победија во четвртиот меч 113.101.

Бакс, уште еднаш демонстрираа сила против Селиткс и покажаа зошто го имаа најдобриот резултат во лигата, во основниот дел од сезоната. Селтикс победија во првиот меч, а Бакс возвратија со три победи во низа, од кои последните две се извојувани во Бостон.

Милвоки ги дели една победа од финалето во Источната конференција каде последен пат играа во 2001 година.

Јанис Адетокумбо уште еднаш го предводеше својот тим до победата. „Фрик Грик“ натпреварот го заврши со 39 поени (17 во последната четвртина), 16 скока и 4 асистенции, Ерик Бледсо и Крис Мидлтон постигнаа п0 13 поени, а Џорџ Хил одлично го замени Малком Брогдон и мечот го заврши со1 5 поени и 6 скока.

Поразениот тим го предводеше Кајри Ирвинг со 23 поени и 10 асистенции, Ал Хорфорд имаше 20 поени, 6 скока и 5 асистенции, а дабл-дабл забележаа Маркус Морис (18 поени, 14 скока) и Џејсон Тејтум (17 поени, 10 скока).

Scroll to Top