Top Sport

Обвинителството бара затворски казни за Кокорин и Мамаев

Затворски казни за фудбалерите Павел Мамаев и Александар Кокорин побарале руските обвинители, поради инцидентот што се случи во октомври минатата година. Руските репрезентативци на 8 октомври 2018 година, во едно кафуле во Москва претепале владин функционер.

Мамаев и Кокорин во алкохолизирана состојба не само што го претепале Сергеј Гаисин, туку и го уништиле автомобилот на новинарката Олга Ушакова.

„Барам да бидат прогласени за виновни и да бидат осудени. Обвинителството бара 18 месеци казна затвор за Кокорин и 17 месеци казна затвор за Мамаев“, рекла обвинителката Светлана Тарасова по судењето.

Обвинителката дополнила дека синимките и изјавите на сведоците потврдуваат дека тие се виновни.

Исто така обвинителството бара затвориски казни и за помагачите на фудбалерите Кирил Кокорин (брат на фудбалерот Александар) и Александар Протасовицки.

Кокорин и Мамаев се наоѓаат в затвор од 8 октомври минатата година, а нивните барања до судењето да бидат во домашен притвор беа одбиени.

Scroll to Top