Top Sport

Годин низ солзи објави дека го напушта Атлетико (Видео)

Капитенот на Атлетико Мадрид, Диего Годин, потврди дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч. Уругваецот, низ солзи, ја соопшти својата одлука на прес конференција.

Годин е легенда на Атлетико, со клубот не успеа да ја освои само титулата во Лигата на шампионите, а навивачите на „јорганџиите“ засекогаш ќе се сеќаваат на неговиот гол прoтив Барселона на „Ноу Камп“ со кој му ја донесе на клубот десеттата шампионската титула во Ла Лига.

Уругваецот во Атлетико пристигна во 2010 година од Вилјареал, дресот на овој клуб досега го носел на 387 натпревари.

Годин својата кариера ќе ја продолжи во Интер.

Scroll to Top