Top Sport

Се обложил на Трамп пред 21 година и заработил 10.000 фунти

Извесен Нил Морис, пред 21 година се обложил дека Џад Трамп ќе го освои Светското првенство во снукер и од вчера е побогат за 10.000 фунти. Транп во финалето, во Шефилд, го победи Џон Хигинс со 18:9.

Нил Морис во 1998 година, кога Трамп имал само осум години, се обложил дека тој ќе стане Светски првак пред да наполни 30 години, тој вложил 10 фунти, а коефициентот бил 1.000/1. Трамп на 20 август ќе наполни 30 години.

Морис решил да стави облог на Трамп во 1998 година, откако го видел како тој игра снукер против неговиот син во еден клуб во Бристол.

Scroll to Top