Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Фертонген може да биде во првиот состав во вториот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против неговиот поранешен клуб Ајакс, и покрај на прв поглед сериознатап овреда на главата во домашниот 0:1 пораз минатата недела.
Белгиецот доби удар во главата од својот соиграч Тоби Алдервајрелд, по што му се слоши на теренот, но од тимот инсистираа дека тој немал потрес на мозокот и Фертонген во вторникот тренирал со маска за заштита на носот.
„Јан се врати на тренинзите, продолжуваме да го следиме и ќе носи маска за заштита на лицето за да го штити носот“, објавија од клубот.
Тотенхем нема да може да сметаат на својот најдобар стрелец Хери Кејн за реваншот, но во тимот се враќа Сон Хеунг-Мин, откако беше суспендиран поради жолти картони во првиот меч. Само еден тим од 17 кои загубиле во полуфинале од ЛШ бил елиминиран откако загубил дома – токму Ајакс го совладал Панатинаикос во 1995/96.
TEAM NEWS:
➡️ @daosanchez26 (thigh) – injury sustained against Bournemouth and unavailable.
➡️ @JanVertonghen (nasal) – returned to training, continues to be monitored and will wear a face mask to protect nose.
➡️ @vincentjanssen (ineligible) – unavailable.#UCL ⚪️ #COYS pic.twitter.com/9lbfi8puMI
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) May 7, 2019
Застрашувачки момент! Фертонген заработи повреда, едвај излезе од терен (видео)