Top Sport

Енди Мареј ќе добие вајлд карта за настап на турнирот во Квинс?!

Поранешниот прв светски тенисер, Шкотланѓанецот Енди Мареј ќе добие специјална покана (вајлд карта) за настап на турнирот во Квинс, иако сеуште не потврдил кога ќе се врати на тениските терени.

Организаторите на турнирот кој се игра во јуни и кој е подготовка за Вимблдон соопштиле дека една покана е резервирана за Мареј.

Тројниот гренд-слем шампион во меѓувреме правеше операција на колкот кој подолг период му задаваше проблеми, а неодамна им се врати на тренинзите.

Иако во Мелбурн најави дека наскоро ќе ја заврши кариерата, сепак ситуацијата се промени по операција, па моментно 217. тенисер во светот има голема желба повторно да се најде на теренот.

„Му чуваме место на Мареј, кој очекуваме наскоро да не извести дали ќе биде подготвен за настап“ – наведуваат организаторите на турнирот во Квинс.

Жрепката за турнирот е на 17 јуни, а настапот веќе го потврдиле Марин Чилиќ, Кевин Андерсон, Хуан Мартин дел Потро, Стефанос Циципас…

Scroll to Top