Светската тенисерка број 1, Наоми Осака вели дека не сака да се споредува со американската тениска легенда Серена Вилијамс и додава дека повеќе сака да ужива во тенисот отколку да освојува многу гренд слем титули.
Во неодамнешно интервју за еден шпански весник, 21-годишната Јапонка призна дека ја почитува Серена Вилијамс, но додава дека не сака да чувствува притисок и да стигне до 23-те гренд слем титули на Американката, откако има два гренд слема во низа.
„Навистина се восхитувам на тоа што Серена го доби на теренот, со невидена гаранција за победи. Но, јас не сум следната Серена, бидејќи не верувам дека ќе има тенисерка како неа. Јас сум следната Наоми. Сакам да победувам и да освојам многу титули, но не е можно да се стигне до Серена. Сакам да уживам во животот, во мојата игра, колку што е можно повеќе. Нема граници“, вели Осака, која ги освои САД опен во Њујорк минатата година и Австралија опен во Мелбурн во јануари.