Роџер Федерер му го нанесе 18-тиот пораз во 20 меѓусебни мечеви на Ришар Гаске, за со победа од 6:2/6:3 да го одбележи враќањето на земјената подлога во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид.
37-годишниот освојувач на рекордни 20 гренд слем титули, по огромна пауза, оваа година реши да игра и на турнирите на земја, почнувајќи со Мастерс 1000 турнирот во шпанската престолнина, и за противник го доби својот стар „муштерија“, 32-годишниот Гаске, кој го нема победено Швајцарецот од 2011 година.
И почетокот беше неверојатен. Федерер доминираше на свој сервис, освојувајќи дури 89% од поените за да поведе со 4:1 и лесно да го освои сетот, продолжувајќи со импресивната форма и во вториот сет, за да ја заврши работата за точно 54 минути. Ова беше прв меч на земја за Федерер од 12 мај 2016 година, или паузата траеше 1.090 дена!
The moment we were all waiting for has arrived! ? @rogerfederer is back on clay! ?? #MMOPEN pic.twitter.com/3Dmjv5Y8xn
— Mutua Madrid Open (@MutuaMadridOpen) May 7, 2019
“This is just a joke!”
?: @TennisTV | @rogerfederer | #MMOpen pic.twitter.com/QKZSuRkFLN
— ATP Tour (@ATP_Tour) May 7, 2019