Денвер Нагетс водат со 3-2 во полуфиналната плеј-оф серија во Западната конференција против Портланд Трејлблејзерс. Нагетс, благодарение на доминантната игра на Србинот Никола Јокиќ забележаа победа 124:98.
За разлика од претходните четири натпревари во серијата, петтиот беше решен веќе по првото полувреме. Нагетс по 24 минути игра имаа предност од 18 поени (65:47).
Јокиќ одигра уште еден неверојатен меч и го собори рекордот на франшизата според бројот на скокови во еден плеј-оф натпревар. Србинот мечот го заврши со 25 поени, 19 скока и 6 асистенции. Јокиќ поентерски го следеа Милсап со 24, Мари с 18 и Херис со 16 поени.
Јокиќ е првиот играш по Леброн Џејмс во 2010 година кој имал 25+поени, 19+скока и 6+асистенции.
Кај Портланд потфрли Мекалум кој постигна само 12 поени, а најефикасен беше Лилард со 22 поени.