Top Sport

Валверде: Болно е ова за сите нас

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, рекол дека негова е одговорноста за елиминацијата на неговиот тим од Ливерпул, во полу-финалето во Лигата на шампионите. Валверде потенцирал дека не знае како овој пораз ќе влијае врз неговата иднина во клубот.

Барселона, синоќа, не успеа да ја сочува предноста од 3:0 што ја стекна на првиот меч. Ливерпул, во реваншот, приреди сензација и со победата 4:0 се пласираше во финалето.

„Не знам како ова ќе влијае кога е во прашање мојата иднина, но тренерот секогаш треба да ја преземе одговорноста. Болно е за сите нас, втора година по ред сме елиминирани на ист начин“, рекол Валверде.

Тој рекол дека неговите избраници не биле доволно концентрирани кога било најпотребно, особено кај решавачкиот гол на Ориги.

„Головите секогаш се плод на нечија грешка. Доколку го анализирате секој гол, ќе видите дека некој прави грешка. Не изненадија во ситуацијата кај четвртиот гол, претпоставувам дека моите играчи гледаа на погрешната страна. Тое беа паметни и постигнаа гол. Кога постигнаа два брзи гола беше јасно дека повеќе немаме контрола врз натпреварот. Не успеавме да постигнеме гол и тие не нокаутираа. Ова е ужасен резултат за нас и нашите навивачи. Честитки до Ливерпул“, заклучил тренерот на Барселона.

Scroll to Top