Бугарскиот тенисер Григор Димитров ја раскинал соработката со тренерот Даниел Валверду. Бугаринот со тренерот работеше од јули 2016 година.
Димитров оваа сезона бележи лоши резултати, испадна во четвртото коло на Австралија опен, не успеа да стигне подалеку од третото коло на мастерс турнирите во Мајами и Монте Kарло, а на мастерсот во Мадрид, кој започна во неделата не успеа да го мине првиот противник.
Американецот Тејлор Фриц во два сета го елиминира Димитров во првото коло.
„По овој пораз разговарав со Дани Валверду. По три одлични сезони решивме да не ја продолжиме соработката. Заедни доживеавме некои одлични моменти, ги забележав најголемите успеси во кариерата. Сакам да му се заблагодарам на Дани“, соопштил Димитров.
Најдобрите резултати со тренерот Валверду, Димитров ги забележал во 2017 година, кога освои четири титули.