Откако пред извесен период полски Киелце обелодени дека од следната сезона хрватскиот бек од редовите на Вардар, Игор Караџиќ од идната сезона е нивни играч, клубот предводен од Талант Душебаев повторно сака „да пазари“ во Скопје.
Според информациите кои ги сподели првиот човек на клубот, Бертус Сервас, Киелце е во преговори покрај Караџиќ од Вардар да го донесат во Полска и словенечкиот плејмејкер, Сташ Скубе. „Диригентот“ во „црвено-црниот“ состав има одлична сезоноа во Вардар, но по најавата на Самсоненко дека не планира нови вложувања во клубот, извесно е играчите да побараат нова средина.
„Не е тајна дека контактиравме со Скубе. Правиме се за да го надоместиме заминувањето на Лука Циндриќ во Барселона. Засега имаме некои несогласувања, ние нудиме договор на три години, но тој сака да потпише за една сезона. Можеби ова се должи на фактот дека тој има веќе договор со друг клуб од сезоната 2020. Ако Сташ ги прифати нашите услови, двете страни многу брзо ќе постигнат договор. Треба да се разгледаат сите околности. Сепак Скубе не е наша единствена опција, имаме и план Б. Се работи за двајца млади ракометари, едниот е од Западна, а другиот од Источна Европа, што може да ни направи проблем бидејќи веќе имаме четири играчи кои не се од ЕУ“ – изјави Сервас за полски „Спортове факти“.
Скубе на крајот на минатата сезона пристигна во Вардар од редовите на Пик Сегед.
Словенецот дојде на испразнетото место по заминувањето на Лука Циндриќ во Киелце, а сега повторно е можно исто сценарио, односно Скубе да дојде во полскиот првак, откако Хрватот најави заминување од клубот.