Top Sport

Де Лихт за „совршен старт“ на Ајакс (видео)

Ајакс е на чекор до пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако капитенот Матијс де Лихт, фудбалерот кој го бара половина Европа, во петтата минута ја натскока одбраната на Тотенхем и донесе 1:0 водство на преполната „Јохан Кројф арена“.

„Копјаниците“ веќе имаат предност од 1:0 од првиот меч во Лондон, така што овој резултат значи дека Тотенхем ќе мора да даде два гола за да ја поништи предноста на холандскиот клуб и да ги пречека Ливерпул во финалето на 1 јуни во Мадрид.

Дека ќе биде интересно, се виде веднаш по голот, кога Сон Хеунг-Мин го погоди дирекот во следната шанса.

Scroll to Top