Top Sport

ПСЖ во војна со „Ле паризиен“ околу наводната тепачка меѓу Нејмар и Дракслер

Пари Сен-Жермен, иако клубовите обично не реагираат на шпекулациите на медиумите, реши да одговори на весникот „Ле паризиен“, кој тврдеше дека Нејмар и Јулијан Дракслер имале тепачка во соблекувалната по поразот во финалето на францускиот куп на пенали од Рен на 27 април.

Според весникот, Нејмар и Дракслер се степале кога Германецот го обвини Нејмар дека бил премногу „себичен“ на теренот, по што Нејмар му одговорил: „Кој си па ти да ми зборуваш така, ти само знаеш да ја враќаш топката назад“. Покрај тоа се тврдеше дека тренерот Томас Тухел и спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике морале да ги разделуваат.

ПСЖ се јави преку Твитер.

„Чудни игри од ’Ле паризиен’: го претставуваат Нејмар, феноменот во светскиот фудбал како некој кој се тепа со колегите во соблекувалната. Како можете да измислувате вакви работи? Бевте во соблекувалната?“, напишаа од ПСЖ.

ПСЖ, инаку, е во ужасна форма на крајот на сезоната, со само една победа во последните седум мечеви, иако веќе ја потврдија француската титула.

Scroll to Top