Top Sport

Тен Хаг: Им кажав на полувреме дека не е готово

Тренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг разочаран ја коментирач шокантната елиминација на неговиот тим од Тотенхем, во полу-финалето во Лигата на шампионите.

Ајакс испаднаа иако имаа предност од еден гол по првиот меч во Лондон, а во реваншот водеа 2:0 по првото полувреме.

„Бевме толку близу и ние заслуживме да играме во финалето, но несмасно ја испуштивме предноста. На полувремето им кажав на играчите да бидат мирни, дека ништи не е готово, дека Тотенхем не се откажале. Моравме да продолжиме, но тогаш стана многу тешко, тие уште повеќе се отворија, а ние не бевме добри во контранападите“, рекол Тен Хаг.

Scroll to Top