Нов скандал поврзан со екс-кошаркарот, Денис Родман. Тој во друштво на две жени и еден маж влезе пијан во продавницата „ВИБЕС“ во Њупорт Бич во Калифорнија каде направи тотален хаос.
Родман започнал да ги распрашува вработените во продавницата за да им го одвлече вниманието, а една од жените почнала да става дел од изложената облека во чантата. Соучесникот во кражбата скршил скулптура, по што Родман почнал да им вика на вработените дека тие се виновни за скршената скулптура. Додека се решавала целата ситуација, тој и „екипата“ побегнале од продавницита со украдена гардероба во вредност од околу 500 долари.
Полицијата засега не излегла со коментар. Доколку се докаже дека Родман во пијана состојба извршил грабеж, тоа ќе значи кршење на условната казна која ја има за минатиот инцидент, во кој тој бил фатен како вози со 0.8 промили алкохол во крвта.
Екс-кошаркарот од златната генерација на Чикаго Булс првпат беше уапсен во 1999 година по тепачка со тогашната сопруга, Кармен Електра, а неколкупати досега завршувал во полициска станица поради возење во пијана состојба.