Клаудио Раниери, во петокот, на прес конференција потврдил дека ја напушти Рома по завршувањето на сезоната. До крајот на сезоната во Серија А останаа уште три кола. Раниери во Рома дојде на местото на Еузебио Ди Франческо, а уште тогаш беше јасно дека тој е привремено решение.
„Мојата работа тука ќе заврши по последните три натпревари. Тоа беше познато. Се решив да дојдам тука бидејќи сум навивач на Рома и сакав мојот ентузијазам да го ставам во служба на овој клуб“, рекол Раниери.
Тренеерот кој со Лестер ја освои Премиер лигата, ќе се обиде до крајот на сезоната на Рома да и обезбеди место во Лигата на шампионите. Рома во последните три кола ќе игра дома со Јувентус и Парма и ќе му гостува на Сасуоло.