Top Sport

Почетино: Не е вистина дека Кејн имаше говор на полувремето

Маурисио Почетино вели дека е „изненаден“ од тврдењата дека повредениот Хери Кејн оддржал инспиративен говор на полувремето против Ајакс, во моменти кога клубот губеше со 2:0, за на крајот да стигне до 3:2 победа.

По мечот, бекот Киеран Трипиер тврдеше дека заменикот капитен Кејн, кој има повреда на скочниот зглоб бил „ментален“ во соблекувалната, но Почетино вели дека улогата на инспиратор во клубот секогаш ја има капитенот Иго Љорис.

„И мене ме изненади тоа. Но, послушајте го Трипиер, тој не вели дека Хери зборуваше. Не се работеше за говор на Хери, иако тој беше тука со нас. Трипиер рече неговото ’присуство’ и емоции. Да бидам искрен, јас зборував. На крајот, инспиративниот говор како секогаш го имаше Иго Љорис. Тој врескаше: ’Блиску сме, уште еден гол, уште еден гол’“, изјави Почетино.

Scroll to Top