Top Sport

Халеп и Бертенс ќе играат за мадридската круна

Романката Симона Халеп е пред враќање на првото место на ВТА листата ако во утрешното финале на Мадрид опен успее да ја победи Холанѓанката Кики Бертенс.

Халеп по четврти пат ќе игра во финалето на турнирот на земја по 6:2/6:7(2)/6:0 победата над Швајцарката Белинда Бенчиќ, додека Бертенс со 6:2/7:5 ја совлада поранешната гренд слем шампионка, Американката Слоун Стивенс.

„Убаво е чувството повторно да играм во финалето на овој посебен турнир за мене. Во вториот сет имав маки во тај-брејкот, но откако се смирив ја вратив контролата“, вели Халеп, која има две титули од Мадрид.

Scroll to Top