Oбјавувањето на составите за вечерните натпревари во Лигата на шампионите донесоа две изненадувања – Пол Погба ќе биде капитен на Манчестер јунајтед на гостувањето во Базел, додека Лионел Меси воопшто не е во тимот на Барса за пресметката со Јувентус.
Барселона веќе има обезбедено место во осминафиналето, но сепак, ова е големо изненадување. Паулињо ќе добие понапаѓачка улога, додеа Жерар Деулофеу ќе оди од другата страна кај Луис Суарез. Меси не е повреден, а Барселона со реми го обезбедува првото место во групата, пред саботната пресметка со Валенсија.
Погба пак, има само еден натпревар по кам-бекот од повредата, 4:1 победата над Њукасл, но бидејќи Антонио Валенсија не е во тимот, тој ќе ја има честа да ја носи капитенската лента.