Top Sport

„Газета“ фантазира – Перу дисквалификуван, Италија на СП?

Иако самите признаваат дека шансите се многу далечни, „Газета дело спорт“ тврди дека постои можност Перу да биде исклучен од Светското првенство во Русија, со што би се отворило можност Италија да игра бараж и да оди на Мундијалот.

„Бланкироха“ на селекторот Рикардо Гарека се квалификуваа за Русија по победата над Нов Зеланд во баражот за прв пласман од 1982 година на јужноамериканската нација, но според „Газета“ перуанските медиуми се загрижени за законот со кој националната федерација би дошла под контрола на државно тело. Бидејќи ФИФА не дозволува мешање на државата во работата на националните федерации, ова би отворило можност за суспензија.

„Газета“ посочува дека иако можност е минимална, дел од букмејкерите веќе дале коефициент 50 дека Перу ќе биде дисквалификуван, подгревајќи ги надежите на „аѕурите“ за чудо. Надежта последна умира.

Scroll to Top