Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски, повторно беше стрелец за Лидс јунајтед. Тој го постигна единствениот гол за својот тим кој загуби кај лидерот на Чемпионшип дивизијата, Вулверхемптон со 4:1.
Алиоски го постигна својот трет гол на последните три натпревари, откако претходно беше стрелец против Брентфорд и Мидлзброу.
Голот на Алиоски му овозможи на Лидс да го намали резултатот на 2:1, откако во првото полувреме Вулверхемптон поведе со головите на Даглас и Кавалеиро.
Во 62.минута Лидс остана со играч помалку откако Виеира го доби вториот жолт картон, а две минути подцна „пожолте“ и Алиоски.
Со играч повеќе домаќинот постигна уште два гола преку Јота и Коста од пенал за конечни 4:1.
Вулверхемптон по 18 кола е лидер со 41 бод, четири повече од Кардиф, додека Лидс го забележа четвртиот пораз на последните пет натпревари се наоѓа на десеттото место со 26 бода.
Во наредната рунда на 25.ноември Лидс ќе гостува кај Барнсли.