Top Sport

Каде си тргнал Гризман? Вторпат!

Фотографијата на стартните 11 на Атлетико Мадрид против Рома на „Ванда Метрополитано“ повторно предизвика внимание, откако Антоан Гризман повторно изгледаше како да заминува од тимот.

Бројот 7 на „јорганџиите“ неодамна беше фотографиран на сличен начин, што заедно со шпекулациите околу неговата иднина предизвика доста коментари на навивачите на Атлетико, и овојат фотографот на „Марка“ повторно го фати во ист став. Се работи за истиот фотограф – Анхел Риверо!

Меѓутоа, кога почна акцијата, Гризман беше фантастичен, постигнувајќи еврогол и оставајќи ги шансите на Атлетико за пласман. Можеби навистина е толку нестрплив да почне со игра, како што подоцна го правдаше Диего Симеоне. Еве го уште еднаш прекрасниот гол против Рома!

Каде оди Антоан Гризман?

Симеоне: Семејството се сака до смрт, а Гризман е дел од семејството

Scroll to Top