Сега веќе легендата на Ливерпул, Мо Салах побара од навивачите на „црвените“ да ја остават „слатко-горката“ сезона од Премиер лигата зад нив и да им дадат поддршка во освојувањето на најголемата титула во светскиот клупски фудбал, Лигата на шампионите.
Ливерпул во неделата ја завршија својата рекордна сезона на второто место на табелата со еден поен зад моќните Манчестер сити, но тимот на Јирген Клоп може да се врати на врвот на 1 јуни со победа над Тотенхем на „Ванда метрополитано“. Салах, кој постигна 22 гола во Премиер лигата, вели дека шеста европска титула ќе значи многу.
„Сега чувството е слатко-горко, но сезоната уште не е готова. Сакам да се заблагодарам на сите колеги, тренери и до фановите. До фановите, донесете го ’Енфилд’ во Мадрид“, напиша Египќанецот на Твитер.
Салах ја подели „златната копачка“ во Англија со колегата Садио Мане и со Пјер-Емерик Обамејанг, тројца Африканци со по 22 гола во ПЛ.
It feels bittersweet now but the season isn’t over. I want to say thank you to my teammates, coaches, and to the fans. And fans, please bring Anfield to Madrid. pic.twitter.com/VaWqs1YKDb
— Mohamed Salah (@MoSalah) May 13, 2019