Враќањето на Роберт Кубица во Формула 1 оваа сезона беше една од најинтересните приказни за надминување на сите пречки на патот до целта, но неговиот престој во тимот на Вилијамс може да заврши веќе по четири трки.
Според канадскиот весник „Ле журнал де Монтреал“, Вилијамс, кои ја имаат најлошата сезона во историјата на славниот тим, сериозно размислува да го замени со Николас Латифи. Полјакот не може да стигне до поени со својот болид, но загрижувачки, дебитантот Џорџ Расел досега го има победено на сите пет трки досега.
„Според нашите информации, време е за голема одлука во британскиот тим. Кубица има клаузула во неговиот договор со која може да биде заменет во текот на сезоната“, тврди весникот.
Младиот Канаѓанец Николас Латифи е трет возач на Вилијамс и во моментов лидер во Формула 2 шампионатот.