Top Sport

Јокиќ не знае дали ќе игра за Србија на Мундијалот

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ ја заврши својата фантастична НБА сезона со пораз од Портланд трејлбејзерс во полуфиналето на Западната конференција и има доволно време за одмор, но уште не знае дали ќе игра за Србија на Светското првенство во Кина.

Според Херисон Винд, еден од новинарите кои добро ги познаваат односите во Нагетси, Јокиќ изјавил дека ќе треба да поразговара со тренерите, пријателите и семејството пред да донесе одлука, која секако ќе зависи и тешката и напорна сезона.

Мундијалот во Кина се оддржува од 15 август до 15 септември, а Србите се во група со Италија, Филипините и Ангола.

Scroll to Top