Top Sport

Ибрахимовиќ испиша историја во Лигата на шампионите

Базел синоќа приреди големо изненадување со победата над Манчестер Јунајтед 1:0 (0:0) во претпоследното, 5.коло, во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Бод им требаша на избраниците на Жозе Мурињо за да и теоретски да го обезбедат пласманот осмина-финалето, но Јунајтед не успае во намерата откако Михаел Ланг во 89.минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

На „Сент Јакобс Парк“ на теренот во иггра влезе Златан Ибрахимовиќ и го запиша своето име во историјата на Лигата на шампионите.

Шведскиот интернационалец е единствениот играч во историјата кој во Лигата на шампионите играл за седум различни екипи (Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер јунајтед).

Scroll to Top