Венсан Компани, капитенот на Манчестер сити, откако освои нива титула во Премиер лигата, открил кој играч би можел да ја наследи капитенската лента од него.Белгиецот смета дека Бернардо Силва би бил одличен во та улога, но под услов да смени некои свои навики.
„Секогаш му велам: ‘Ти си 50 отсто кловн, а 50 отсто лидер’. Кога ќе биде 25 отсто кловн, а 75 отсто лидер, тогаш ќе стане капитен на Сити. Тој е толку силен и искрен како личност, не постои некој што повеќе ја заслужува таа чест од него. Но тој мора да смени некои навики“, рекол Компани.
Бернардо Силва, зад себе има брилијантна сезона, ја заврши со седум гола и осум асистенции, поради што е избран во идеалниот тим во Премиер лигата.