Top Sport

Зандворт се враќа во Ф1 календарот

Формула 1 официјално објави дека од наредната сезона, на патеката Зандворт, повторно ќе се вози трката за Големата награда на Холандија.

Од наредната сезона, во Формула 1 календарот, Европа ќе добие уште една трка. Патеката крај холандскиот град Зандворт по 35 години повторно ќе им биде домаќин на пилотите од „најбрзиот циркус“.

Последен пат на оваа патека Ф1 пилотите се тркаа во 1985 година, кога победи Ники Лауда во болидот на Мекларен. Најмногу победи на оваа патека, четири, има Британецот Џими Кларк.

Големата награда на Холандија е втора нова трка што влезе во календарот за 2020 година. Од наредната година ќе се вози и трката за Големата награда на Вијетнам.

Scroll to Top