Фудбалерите на Манчестер сити ја одбранија титулата од Премиер лигата во драматичен финиш на долгата борба со Ливерпул, по што очигледно се опуштија откако испеаја една „грда“ песна за своите ривали, нарекувајќи ги „жртви“ и пеејќи дека „нивните фанови се утепани на улиците“.
Илкај Гундоган, Кајл Вокер и Винсен Компани се меѓу фудбалерите кои го подаваат трофејот во авионот на враќање од Брајтон пеејќи ја славната песна „Але, але, але“ која стана популарна кај навивачите на Манчестер сити.
Текстот е навистина „интересен“:
„На пат до Киев, за да бидат поразени,
Плачеа на трибините, и беа утепани на улиците,
Компани го повреди Салах, жртви на сите,
Стерлинг освои двојна титула, ’скаузерите’ освоија ништо“.
( ‘All the way to Kiev, To end up in defeat, Crying in the stands, And battered on the streets, Kompany injured Salah, Victims of it all, Sterling won the double, The Scousers won f*** all, Allez, allez, allez.’)
„Утепани на улиците“ доаѓа по нападите над навивачите на Ливерпул во Киев пред финалето на ЛШ минатата година против Реал Мадрид. Од Манчестер сити не сакаа да го коментираат видеото.
Manchester City players singing “Allez, Allez, Allez” after winning the Premier League ???? #AllTheWayToKiev pic.twitter.com/eblrEF9nCr
— YourMCFC (@YourMCFC) May 14, 2019