Андер Ерера, откако најверојатно ја заврши кариерата како фудбалер на Манчестер јунајтед, вели дека фудбалерите на клубот се „75 отсто виновни“ за катастрофалната сезона, а не поранешниот менаџер Жозе Мурињо, кој се „обидел да направи сè“.
Шпанскиот играч од средниот ред најверојатно заминува од „Олд Трафорд“ по крајот на договорот ова лето, а шпекулациите го поврзуваат со трансфер во Пари Сен-Жермен. Јунајтед имаа катастрофален финиш на сезоната за да завршат на шестото место на табелата. Ерера вели дека Оле Гунар Солскјер е вистинскиот избор за тренер на тимот, но вели дека и Мурињо, кој беше отпуштен во декември не е виновен за нова сезона без трофеи.
„Мораме да ја преземеме одговорноста. Сите ние. Не е фер да се обвинуваат другите. Кога имате лоша сезона 75 отсто е ваша вина. Лесно е да се каже менаџерот не чини и да го отпуштиме, но вината е кај сите нас. За Манчестер јунајтед ова не е доволно. Можеби 14 тимови од Премиер лигата ќе се презадоволни со шесто место, но ние не можеме да бидеме среќни“, вели Ерера.