Top Sport

Џоркаеф: На ПСЖ му се потребни луѓе кои сакаат да играат за клубот

По лошиот финиш на сезоната на пребогатиот Пари Сен-Жермен, поранешниот француски репрезентативец Јури Џоркаеф побара во клубот да направат големи промени и во прв план да носат фудбалери кои сакаат да играат таму.

ПСЖ убедливо ја освои француската титула, но загуби во осминафиналето во ЛШ од Манчестер јунајтед на драматичен начин, а го загуби и финалето на Францускиот куп против Рен на пенали иако водеа 2:0 во првото полувреме. Џоркаеф, кој играше за парискиот клуб во 1995/96, кога го освоија Купот на куп победници на УЕФА, вели дека вака не може да се продолжи.

„Некои промени мора да се направат. Главното прашање е едноставно – да се знае кој е што во Пари Сен-Жермен и што прави таму. Зборувам за фудбалерите и за другите луѓе. Некогаш треба да ги поставиш на позиција луѓето кои сакаат да се таму и кои ќе помогнат клубот да се подобри. Кога ќе биде јасно тоа, многу работи сами ќе се поправат. Да, тие се најдобри во лигата каде што нема големи натпревари. Без потценување за Марсеј, Лион или Лил, но тие не го плашат ПСЖ. Во Европа не беше добро и тоа не е дозволено за клуб како ПСЖ“, вели Џоркаеф за „Омниспорт“.

Scroll to Top