Еден од најдобрите светски ватерполисти, Сандро Сукно (27), ќе мора привремено да паузира откако при рутински медицински преглед е откриено дека им срцеви проблеми.
Капитенот и најдобриот играч на Хрватска, добил препорака од докторот Паоло Зампели да одмора во наредните два месеци. Сукно, играч на Про Реко, прегледот го извршил на една недела пред почетокот на новата сезона во италијанскиот шампионат.
Сукно со Хрватска има европско и светско златно, како и златен медал од олимписките игри. н.ц.