Top Sport

Истрага против претседтелот на ПСЖ, запленета вила во Италија

Италијанската полиција заплени луксузна вила која наводно претседателот на ПСЖ Насер ел-Келаифи ја користел за да го поткупи поранешниот висок функционер на ФИФА, Жером Валке. Вилата се наоѓа во местото Порто Черво и нејзината вредност изнесува седум милиони евра.

Швајцарското обвинителство вчера соопшти дека во четири држави ги набљудувало полициските рации кои се поврзани со истрагите кои се водат против Валке и Ел-Келаифи.

Претседателот на ПСЖ е осомничен дека давал поткуп во врска со телевизиските права за наредните четири светски првенства во фудбал. Тој е осомничен дека му давал потпук на поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке, за телевизиските права да ги добие катарската медиска група „БиИН“.

Швајцарските обвинители соопштија дека Валке бил на распит во четвртокот, додека е вршен претрес на неговите имоти во Франција, Грција, Италија и Шпанија.

Scroll to Top