Top Sport

Шарапова го откажа настапот на Ролан Гарос

Марија Шарапова објави дека нема да учествува на вториот Грен-слем во сезоната, Ролан Гарос. Русинката, поради повреда и операцијата на рамото, нема одиграно ниту еден меч уште од почетокот на годината.

„Некогаш не е лесно да се донесат вистинските одлуки“, рекла петкратната Грен-слем шампионка.

Шарапова два пати, во 2012 и 2014 година, успеала да го освои Ролан Гарос.

„Имам и убави вести. Им се вратив на тренинзите, полека ја враќам силата во моето повредено рамо“, напишала таа на „Инстаграм“.

Ролан Гарос ова година ќе се одржи од 26 мај до 9 јуни.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');