Џанпјеро Гасперини, тренерот на Аталанта, клубот кој оваа сезона игра во сензационална форма и е на чекор до пласман во Лигата на шампиони, веќе се согласил да стане нов тренер на Рома, објавуваат италијанските медиуми.
Гасперини ќе потпишел тригодишен договор вреден 2.5 милиони евра плус бонуси, откако Клаудио Раниери потврди дека заминува откако беше донесен како „итно решение“ по отказот за Еузебио ди Франческо по елиминацијата во Лигата на шампионите.
61-годишниот Гасперини во три сезони на чело на Аталанта го трансформираше тимот од Бергамо од клуб кој се бореше за опстанок до клуб кој се бори за Европа и кој вчера загуби во финалето на Копа Италија.
Покрај Гасперини се очекува на „Олимпико“ да дојде и Џанлука Петраки од Торино, на позицијата на спортски директор.