Top Sport

Чориќ пропушти две меч-топки, Федерер се „протна“ во четврт-финалето во Рим

Борна Чориќ беше на чекор до голема победа над Роџер Федерер, но не успеа да ги искористи своите две меч-топки за на крајот, Швајцарецот со 2:6/6:4/7:6(7) да стигне до четврт-финалето на Мастерсот во Рим.

Ова беше втор денешен меч за двајцата тенисери откако поради дождот беше одложена вчерашната програма, и Федерер имаше многу лош почеток, дозволувајќи Чориќ да стигне до 4:0 водство и да го освои сетот. Но, во вториот сет, Федерер направи два брејка (и загуби уште еден) за го израмни мечот. Потоа, пред публиката која очигледно беше на страната на Швајцарецот, двајцата се бореа поен за поен, пред Хрватот да има две меч топки во тај-брејкот.

„Денеска имав среќа, но понекогаш е добро да имаш среќа. Во првиот сет не беше лесно и почнав преспоро, а Борна е силен противник и го искористи тоа. Но, не сакав да загубам“, изјави Федерер.

Следен за Федерер е подобриот од дуелот помеѓу домашниот фаворит Фабио Фоњини и младиот Грк, Стефанос Циципас.

Scroll to Top