Бил на теренот или не Мауро Икарди човекот за кого најмногу се зборува во Интер. Клубот му ја одзеде капитенската летна, во знак на револт тој пријави повреда и не сакаше да игра, поради што навлече гневот на навивачите, кои му порачаа да замине од клубот.
Икарди не го продолжил договорот со Интер, што е причина за сите проблеми што го следат во изминатите три-четири месеци. Сериозен интерес за неговите услуги покажале Реал и Атлетико Мадрид, односно Јувентус, но аргентинскиот репрезентативец имал поинакви планови.
„Бидејќи медиумите пишуваат невистини, повеќе пати го известив Интер дека сакам да останам во клубот. Разбирам какви се интересите на медиумите кои продаваат лажни вести, но јас сакам да останам. Интер е моето семејство“, напишал Икарди на „Инстаграм“.
Икарди има договор со Интер до 2021 година, а според „Трансфермаркт“ неговата вредност на фудбалскиот пазар изнесува 90 милиони евра.