Top Sport

Костиќ е играч на Ајнтрахт Франкфурт

Фудбалскиот клуб Ајнтрахт од Франкфурт објави дека од ХСВ клубот го откупиле договорот на Филип Костиќ. Српскиот репрезентативец, откако ХСВ испаднаа од Бундес лигата на почетокот на сезоната, како позајмен играч се пресели во Франкфурт.

Костиќ, како и целиот тим има одлична сезона, Ајнтрахт играше полу-финале во Лига Европа, а во Бундес лигата е во трка за место што води во Лигата на шампионите.

Србинот на 33 натпревари во Бундес лигата и Лига Европа забележал шест гола и 12 асистенции.

Поради тоа клупските челници решиле да го откупат неговиот договор за шест и пол милиони евра.

Костиќ со Ајнтрахт договорил соработка до 30 јуни 2023 година.

Scroll to Top