РајаМанчестер јунајтед веќе контактирале со новиот второлигаш Фулам за да потпишат договор со младинскиот англиски репрезенативец Рајан Сесењон, објавува „Скај спортс“.
Сесењон има договор и за следната сезона, но според британските медиуми не сака да игра во Чемпионшип, откако Фулам експресно се врати во втората лига, а во Фулам се свесни дека тој нема да го продолжи договорот, така што не е чудно тој да биде на пазарот. Сепак, Јунајтед би имале конкуренција во Тотенхем и Јувентус.
Солскјер и управата на Јунајтед сакаат да се вратат на стариот проверен рецепт на носење на млади британски таленти во тимот, а Сесењон се вклопува во овој профил.
„Јас сум уште фудбалер на Фулам, со договор до 2020. Околу тоа можам да го кажам само тоа во моментов“, изјавил Сесењон за „Скај спортс“.
Сепак, неговиот тренер, Скот Паркер сфаќа дека ќе биде тешко да се заддржи младиот фудбалер на „Крејвен котиџ“.
„Кога ќе испаднеш од лига, секогаш стравуваш од тоа да ги загубиш најдобрите фудбалери и ние не сме исклучок. Би сакале да го заддржиме Рајан во клубот, но ова ќе биде тешко и долго лето“, изјави Паркер.