Екс-членот на кошаркарскиот Дрим тим на САД, Ламар Одом (39) на Олимписките игри во Атина во 2004 година ја изиграл допинг контролата. Тој самиот, во своите неодамна издадени мемоари, призна дека лажел при допинг тестот за да не се открие дека користи марихуана. Двојниот НБА шампион начинот како да го реши допингот го нашол на интернет.
„Почнавме да пребаруваме на интернет за „лажните гениталии“. Проучувавме лажни начини да ја сокриеме трагата при допинг тестот. По темелна претрага, го нарачавме она што ни беше потребно. Мојот тренер и јас нарачавме лажен пенис, кој потоа го наполнивме со негова урина, а кога дојде контролорот јас подалеку од него, од вештачкиот пенис истурив примерок“ – открил Одом.
Екс-кошаркарот со помош на лажни гениталии ја користел урината на тренерот кој не користел дрога. Неговата урина била однапред подготвена и измешана во нив, па службеникот задолжен за допинг тестот ништо не се посомневал.
Одом успешно ја поминал допинг контролата, но на ОИ со САД го освои само бронзениот медал. Одом кој за себе тврди дека е зависник од секс соопшти дека спиел со околу 2.000 жени.
Ламар Одом во НБА кариерата настапуваше за ЛА Клиперс, Мајами, ЛА Лејкерс и Далас, а во Европа го носеше дресот на шпанска Басконија.
Lamar Odom admits he used ‘fake penis’ filled with his trainer’s wee to cheat Olympics drugs test https://t.co/hc74iOE38O pic.twitter.com/FNoDpkjzAz
— SimpleNews.co.uk (@Simplenewsuk) May 18, 2019